Димитриевски: Не ми пречи Бугарите да бидат дел од Уставот, но кога ќе има реципроцитет и кога Бугарија ќе престане да не негира како народ и ќе ја признае македонската историја

0
85

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во емисијата „10 минути“ на телевизија 21 потенцираше дека Охрид е пример како се дејствува во еден билатерален проблем како што е примерот на Република Србија и Косово.

„Во политиката се е можно и токму Охрид е пример како се дејствува или како ќе се дејствува во еден билатерален проблем. За жал, ние како држава и оваа актуелна власт на чело со ДУИ и СДСМ дозволи да еден билатерален проблем се трансформира во мултилатерален проблем, иако нашите стратешки партнери САД укажуваа дека треба да се разговара на маса помеѓу двете страни, тоа е Бугарија и Македонија, а евроинтегративниот процес да тече. Некои наши политичари од типот премиерот, претседателот на државата влегоа во процесот на францускиот предлог, еднаш го отфрлија, а потоа истиот тој модифициран суштински ништо неизменет барем за нас се врати на голема врата, го прифати и сега го туркаат на голема врата да биде донесен. Видете, тоа со преседан. Зошто? Во делот на одлучувањето македонското мнозинство де-факто не ја носи круцијалната одлука за тоа што допира во македонските национални интереси. Се поставува прашањето дали бадинтер се уште е функционален. Можеби нас како држава ни е потребен и бадинтер на мнозинството за да не ни се случуваат вакви појави. Сметам дека на крајот целиот овој расплет ќе заврши со тоа што ќе седнат двете страни ќе се договорат повторно под диктат на големите сили како во овој случај во Охрид помеѓу Република Србија и Република Косово“, рече Димитриевски.

Тој истакна дека не му пречи бугарскиот народ да биде дел од Уставот, но во момент кога ќе има реципроцитет и кога Бугарија ќе престане да не негира како народ, нација, јазик, култура и ќе ја признае македонската историја и сите атрибути кои одат со една независна држава.

„За жал, во моментов такво нешто не постои и недозволиво е вие да прифатите промена на Уставот. Тоа нашите европски пријатели треба да го знаат, да го искористат механизмот за борба против ваквиот феномен којшто се создава во рамките на Европската Унија, бидејќи ако овој случај оди и функционира со Македонија во иднина ќе ви се повтори на Балканот со сите земји од југоисточен балкан кои имаат намера во иднина да бидат членки на Европската Унија. Ако имате еден процес кајшто ја туркате Косово и Србија за полноправно членство во Европската Унија, ги седнувате на маса да преговараат, а целиот процес така ќе се зареши впрочем мислам дека преговорите се крајна истанца и не може да имате различен аршин за еден ист феномен. Ќе мора да се изнајде начин како бугарската страна ќе се дисциплинира како држава членка на Европската Унија и ќе остави можност на сите држави во регионот да се интегрираат. Овој феномен треба да биде искоренет во рамките на Европската Унија, бидејќи доаѓа како проблем се наметнува од земја членка на Европската Унија“, изјави Димитриевски.