Двете љубовници на Горан Бреговиќ се степале за него во Париз

0
189

Се чини дека музичарот Горан Бреговиќ (72), кој беше еден од најпосакуваните мажи на југословенската сцена, сè уште важи за голем заводник. Иако тој е во стабилен брак веќе три децении, српскиот медиум „Курир“ објави дека две жени се степале за него во Париз.

Наводно, музичарот прво започнал тајна врска со едната, а потоа и со другата жена. Дошло до проблем кога, наводно, љубовниците дознале една за друга и дошло до конфликт меѓу нив.

„Бреговиќ добро го крие приватниот живот. Одвреме-навреме се дознава за некоја емотивна тајна, но тоа се случува многу ретко. Тој не се експонира, внимава на тоа каде и со кого се појавува и патува. Меѓутоа, една ситуација не успеа да ја исконтролира. Се работи за тоа дека со месеци е во паралелна врска со две жени. И едната и другата ги сакаше и ги почитуваше на некој свој начин и не можеше да ги остави“, рекол извор за српски „Курир“.

„Не навлегувам во тоа каков е неговиот брачен живот. Тој со години е во стабилна заедница со сопругата, но со сигурност можам да ви кажам дека две жени се крвави поради него. Настана хаос кога едната дозна за другата. Како ја добила таа информација, не знам, но многу се расправале и степале, па обезбедувањето во хотелот морало да ги раздели“, открил изворот, додавајќи дека Бреговиќ бил шокиран кога дознал дека љубовниците го разоткриле.

„Музичарот не знаеше што го снашло. Очигледно, не можел да им каже дека се гледа со двете истовремено. Тој има сопствен имот во Париз каде што живее, а на своите љубовници им изнајмува хотел. Едната се означила на Инстаграм дека е во Париз, па другата конечно сфатила што се случува и дошла во хотелот, каде трпеливо го чекала да се појави. За среќа на Бреговиќ, тој имал концерт токму тој ден, па не ја видел. ‘Летаа пердуви’, обезбедувањето мораше да реагира и да ја исфрли девојката од објектот. По инцидентот, жените си праќале заканувачки пораки, се навредувале, се понижувале и се расправале за Брега. Музичарот се повлече од двете приказни затоа што не сакаше да дознае за ова. Сепак, се дозна и тоа стана главна тема. Еден период, тој не беше во контакт со ниту една од нив, но кога страстите се смирија, тој се гледаше и со двете одвреме-навреме“, раскажал изворот за „Курир“, кој се обидел да добие коментар од Бреговиќ, но тој не им се јавил на повиците.

Музичарот е во брак со Џенана Суџук повеќе од 30 години , со која има три ќерки – Ема, Уна и Лула.

 

kurir.rs