Три малолетни лица повредени во сообраќајна несреќа, едeн од нив го возел автомобилот

0
280

Четиринаесетгодишник, како и неговите двајца другари врсници се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје-Тетово, кај бензинската пумпа во село Арнакија, скопско. Несреќата се случила денеска околу 01:20 часот.

Малолетниците се повредени во судир на возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од едниот четиринаесетгодишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје. По несреќата, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето А.С. по несреќата го напуштил местото.

Во несреќата, додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот четиринаесетгодишник сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Другиот сопатник, исто така, четиринаесетгодишник, се здобил со телесни повреди кои му биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Од МВР информираат дека за настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

360stepeni.mk