Шест девојчиња загинаа во несреќа во Америка

0
164

Шест девојки загинаа, а две лица се повредени во судир на два автомобили на меѓудржавен пат во Тенеси, САД, соопштија локалните служби.

 

Како што јавува Си-Ен-Ен, несреќата се случила во неделата рано наутро по локално време.

Шест девојки се пронајдени мртви на местото на несреќата. Според првите информации тие биле на возраст од 1 до 18 години. Сите биле до превртеното возило од кое најверојатно од силината на ударот испаднале.

 

Жена, за која се верува дека исто така паднала од истиот автомобил, била пронајдена во критична состојба.

На местото на настанот и била укажана помош пред да биде пренесена со хеликоптер во локалната болница, соопштија официјални лица.

Уште еден маж е повреден и исто така е пренесен во болница.

 

Возачот на другиот автомобил кој учествувал во несреќата не е повреден.

 

Жртвите се уште не се идентификувани и не се знае дали се во роднинска врска. Причината за несреќата, исто така, се уште не е објавена.

 

Истрагата е во тек.

index.hr