Владата утре ќе ги замрзне цените на хигиенските производи, во следните денови и дел од зеленчукот и овошјето

0
132

Најверојатно утре на владината седница ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи. Тоа што го најавивме претходно и ќе го оствариме, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој информира дека веќе се завршени сите анализи околу ваквите одлуки за намалување и замрзнување.

-Ќе бидат лепеза на производи на истиот начин како што ги замрзнавме цените со утврдување на датум. Датумот ќе се дознае утре, со оглед дека одредени компании денеска можат да направат одредени смени. Вчера ги добив и анализите за зеленчукот и овошјето. Мојот тим работи и најверојатно повеќе од 5-6 производи ќе бидат замрзнати неделава. Ги чекаме и анализите од Царинската управа во делот на увозните цени кои ги пријавуваат, па да видиме колку е разликата во маржите, рече Бектеши при обиколката на еден маркет во Скопје, заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

Фото: Архива