Во 1903 год. Никола Карев, во интервју за грчки весник направил јасна дистинкција меѓу Македнците и Бугарите, декларирајќи се се себе како Македонец.:
-Македонец ли си? Го прашувам.
-Да….
…Ако Грција или Бугарија ни помогнат да се ослободиме единствено што може да добие секоја една од нив е само нашата благодрност.
41 година пред првото заседание на АСНОМ во 1944 година, период за кој Бугарија тврди дека нашите предци биле етнички Бугари, а историјата на Македонија – бугарска, во интервјуто со претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, за грчкиот весник Акрополис од 8 мај 1903 година, се вели:
-Македонец ли си? Го прашувам.
-Да
-И следствено Грк?
– За ова не знам – ми одговори – јас сум М а к е д о н е ц.
– Директен наследник на Александар Велики? му велам иронично.
– Да.
– И Александар Македонски што беше, ве молам?
– Не знам, но историјата вели дека бил Грк.
– Тогаш и ти како негов наследник, си Грк.
– Не – ми одговори.
– Значи – тогаш го прашувам пак – зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку (со помош) на Бугарија?
– Која Бугарија? Мислите на Комитетот?
-Да.
– Ти одговарам дека комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција ако го правеше истото ќе ја прифатевме со целото наше срце.
– Бугарската заштита ја гледате само површински, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.
– Хм! Ако Бугарија мисли да не претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нѐ интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: “Си ја постигнуваме ли целта? Си ја добиваме ли нашата слобода? Но не не интересира дали ќе нè ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само нашата благодрност.
Никола Карев како и многу други Македонци, уште во 1903 година точно знаел што е, и не му требало да дојде 2 Август 1944 година и првото заседание на АСНОМ, или како што велат нашите соседи комунистите да му ја променат националната свест и самочувство со терор и мачење.
Тоа што османлиската империја дозволила да одат само во бугарска или грчка црква а немало македонска, тоа што таму во училиште (имало само црковни училишта), тоа што според “Милет” системот морале даде се пишат Бугари и што најчесто наместо етнички се произнесувале како припадници на црква (Бугари), и што биле изложени на жестока пропаганда од страна на соседните земји заради асимилација кон едни или кон други е друга работа сврзана со предизвиците на тоа време.
Тоа што и македонските револуционери свесно во дадени критични и за нив важни моменти за преживување го кажувале понекогаш тоа што Бугарија сакала да го чуе, а потоа продолжува е кој својата цел, е исто така дел од инстиктот за преживување во едно мошне тешко време, и изнудена ситуација која немала алтернатива.
Тие во Бугарија гледале некаков подржувач бидејќи во случај на нужда им дозволувала безбедно да се засолнат на нејзина територија, се разбира заради нејзини планови и интереси, чија крајна цел била различна од онаа на Организацијата, но патот до неа било полесно да се изоди ако се дава еден таков вид помош за засолнување при борбата да се потисне османлиската власт, па потоа во даден поволен момент полесно да им биде на бугарските војници да ја освојат територијата на Македонија. Едноставно и Бугарија и ВМРО имале свој интерес, но и различна крајна цел.
Интересно и што се гледа во понатамошниот дел на интервјуто, е што Грците во таа 1903 година сметале дека Бугарите ги подбуцнуваат Македонците против Грците бидејќи Македонија ја сметале за своја земја. Исто како што и Бугарите и Србите низ историјата, делумно и денес го велат истото едни за други, сметајки ја Македонија за своја.
Србите знаат да кажат дека ова е Стара Србија, а во одредени периоди низ историјата лепеле етикети на бугараши или Бугари на Македонците кои изразувале македонско самочувство. За среќа тоа не е присутно денес.
А Бугарите секој кој се смета за Македонец со македонско, а не со бугарско самочувство, дури и денес, и тоа масовно го квалификуваат како Србин, србофил или србоман или слична етикета. Во нивниот светоглед нема простор за Македонец со Макеоднско самочувство.
Значи ако не сакаш да добиеш таква етикета, единствена опција ти ја оставаат да кажеш дека Македонците се Бугари.