Во Словенија маж се заканувал дека ќе се разнесе, полицијата вели дека станува збор за терористички акт

0
223

Во словенечкиот азил Вич во четвртокот вечерта, радикализиран маж се заканувал дека ќе се разнесе, но бил спречен од специјалната полициска единица, објави 4news.mk.

Полицијата го уапсила мажот, по што најавила дека делото ќе го третира како терористичко, пренесува порталот 24UR.

Според информациите, маж влегол во зградата на азилот околу 23 часот и се заканил дека ќе се разнесе извикувајќи „Алаху акбар“, а според извори на порталот, во автомобил го чекал маж.

Се додава дека уапсениот е радикализиран државјанин на Словенија.

Оваа недела Словенија привремено го подигна нивото на готовност на ниво на терористичка закана и ја зајакна граничната контрола.

извор: 4news.mk