(ФОТО) Лепа Брена го прослави 63. роденден

0
137

Пејачката Лепа Брена на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со подарокот што го доби за роденден. Имено, Брена денеска наполни 63 години, а за роденден доби букет цвеќе.

Преку социјалните мрежи бројни обожаватели веќе ѝ го честитаат роденденот, а пејачката реши да им се заблагодари и да позира со букетот кој ѝ го подарил некој од нејзиното семејство.

– Ви благодарам драги мои, многу бакнежи од вашата Брена – порача пејачката.

За жал роденденот на Лепа Брена веќе тринаесет години е еден од најтажните денови во нејзиниот живот, а причина за тоа е смртта на нејзиниот татко, која се случи токму на овој ден во 2010 година. Таа често јавно ги споменува своите родители, на кои им е исклучително благодарна за се што постигнала во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)