Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Експремиерот и азилант Никола Груевски ексклузивен во разговор за Инфомах тврди дека никогаш не се сретнал со Александар Верушевски ниту со неговиот тако Зоран и дека не знае за тоа што се говори во снимката, која неодмна беше објавена во јавноста. Груевски упатува дека Сашо Мијалков уште од 2011 година бил во комуникација со Александар Верушевски и додал дека не знае дали тоа е точно, а истиот одговор го дал и на прашањето дали знае за наводната активност на Мијалков во ослободување од притвор на Зоран Верушевски.

Груевски за изјавата дека бил „мртов Германец”, шеговито прокоментирал дека според кажаното произлегува дека СДСМ во декември 2016 година ги загубиле изборите од партија предводена од „мртов Германец”.

Експремиерот негирал и дека луѓе од неговиот тим, а и тој биле хомосексуалци или бисексуалци, дека се дрогирал и рекол дека во минатото се обидувале да го дискредитираат на личен план со пуштање разни вакви и слични гласини меѓу народот вклучувајќи и тоа дека ја тепал неговата сопруга, а повремено и со обиди да му креираат афери со жени со кои го фотографирале на улица или на некој настан.

Инфомах за снимките побарале коментар и од сопругата на Груевски, Боркица.

Но, и Боркица демантирала и рекла дека станува збор за црна кампања против Груевски.

– Особено сум непријатно изненадена од новинари интелектуалци кои што наместо да ја истражат целата ситуација тие бесрамно се насладуваат и дополнително без никакви докази се надоврзуваат на истата таа приказна. Инаку снимката која излезе во јавност ја потврдувам веродостојноста бидејќи јас и Никола бевме заедно таму во придружба на службено обезбедување кое тој дотогаш го имаше. Така што сите оние кои внимателно го погледнале видеото ќе забележат дека во позадина се слуша женски глас кој снима. Кој што е поточно мојот глас. Никаде не излегов на снимката, но можам да потврдам дека јас сум таа.

– Никола не е таков човек. Ништо од ова не е точно, се е лага – одговорила таа.

Текстот во целост на: Инфомах