Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Американскиот претседателот Џо Бајден, веднаш по влегувањето во Bелата куќа вечерва го прочита писмото што, според традицијата, му го остави неговиот претходник, Доналд Трамп, оценувајќи го како „многу дарежливо писмо“.

Зборувајќи од Овалната соба во Белата куќа, Бајден кажа дека нема да ја открие содржината на писмото поради почитта кон Трамп.

– Претседателот напиша многу дарежливо писмо, рече Бајден.

„Бидејќи беше приватно, нема да зборувам за тоа додека не разговарам со него“, додаде тој.

Бајден потоа ги потпиша серијата од 17 најавени извршни наредби/декрети и веднаш почна да поништува некои одлуки на Трамп.

Како што им потврди на новинарите во Овалната соба, една од првите наредби што ги потпиша беше повторното ангажирање на САД во Парискиот договор за климата.

Што се однесува до пандемијата, 46-от претседател на САД издаде наредба со која се воведува задолжително носење маска во просториите и областите што зависат од сојузните држави, како и при патување меѓу државите во САД, постапка што Доналд Трамп секогаш одбиваше да ја направи.

Една од наредбите се однесува на укинувањето на забраната за влез во САД за државјани на повеќе земји, претежно со муслиманско мнозинство. Забраната беше изгласана само неколку дена откако Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари 2017 година.