Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради употреба на насилство над извршителите на законот, истакна Јулија Иванова, портпаролка на московското одделение на рускиот истражен комитет.

Повеќе од 3.500 лица беа уапсени синоќа за време на протестите низ Русија, за поддршка на уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални, што не беше одобрено од властите, објави претходно Ројтерс.

Само во центарот на Москва, повеќе од 40.000 луѓе се собраа да го поддржат Навални.

„ Околу 300 малолетници беа приведени на нелегални митинзи низ Русија“ , изјави комесарот на рускиот претседател за детски права, Ана Кузнецова.

САД најостро ја осудуваат употребата на груба тактика против демонстрантите и новинарите викендов во градовите низ Русија, објави синоќа Стејт департментот.

„ Продолжените напори за сузбивање на правото на Русите на мирно собирање и слобода на изразување, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и протестите што следуваа, укажуваат на понатамошно ограничување на граѓанското општество и основните слободи“, се вели во соопштението.

Стејт департментот исто така ја повика Русија целосно да соработува со истрагата на меѓународната заедница за наводното труење на Алексеј Навални и „веродостојно да објасни употреба на хемиско оружје на нејзино тло“.