Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

„Обидите на американската дипломатија со провоцирање на радикалните елементи, со кои се занемарува моралниот кодекс, осудени се на неуспех и ќе имаат негативни последици врз билатералните односи“, порачано е од руското МНР

Министерството за надворешни работи на Русија ја обвини Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Москва дека со испраќањето пораки за поддршка на демонстрантите, кои протестираат за ослободување на рускиот опозиционер Алексеј Навални, се меша во нејзините внатрешни прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од руското МНР наведуваат дека американската Амбасада преку профилот на социјалните мрежи им испратила порака со поддршка на демонстрантите и дека САД со делењето на таквите содржини ги кршат дипломатските норми.

„Американската Амбасада во Москва се меша во руските внатрешни работи“, порачано е од МНР на Русија, при што се додава:

„Американската администрација мора да се занимава со сопствените проблеми, вклучувајќи ја поделбата создадена со социјалната неправда и нееднаквост во американското општество. Обидите на американската дипломатија со провоцирање на радикалните елементи, со кои се занемарува моралниот кодекс, осудени се на неуспех и ќе имаат негативни последици врз билатералните односи.“

Американската Амбасада во Москва на социјалните мрежи вчера го сподели времето и местото на одржување на протестите.