Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Завршено е реновирањето на заедничките простории на Клиниките во објектот на интерни клиники во кампусот Клинички центар, кои се во функција на Клиниките за гастроентерохепатологија, нефрологија, за очни болести, за уво, нос и грло, ендокринологија, дерматологија и Клиниката за пулмологија.

Објектот на интерните клиники кој се состои од подрум, приземје и три ката и има вкупна корисна површина од 24.500м2, од изградбата па се до денес нема извршени значителни санации и реконструкции. Во интернистичкиот блок кој е во функција од 1953 година за првпат е реновиран. Објектот беше со дотраени заеднички простории, санитарни јазли, чекални, стара, оштетена и непропорционално димензионирана внатрешна и надворешна столарија, дотраена обработка на ѕидовите и подовите.

Првпат после 70 години подовите и ѕидовите во ходниците се комплетно обновени со нови плочки, останатиот дел од ѕидовите се свежо бојадисани и обработени со ѕидна техника. Обновени се скалишните јадра, ходниците и чекалните. Вкупна вредност на договорот за обнова на заедничкиот дел на Kлиниките за интерни болести е 30.281.044,00 денари.

На Клиниката за ендокринологија целосно е реновиран одделот за интензивна нега, дел од болничкото одделение и собата за изолација. Реновиран е третиот кат на Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за очни болести. На Клиниката за нефрологија целосно се реновирани одделите за интензивна нега, трансплантација, дијализа и васкуларни пристапи, и останатите Клиники во склоп на објектот ги реновираат своите простории и на овој начин пациентите добиваат достоен и модерен пристап до здравствена заштита, а вработените достоинствени услови за работа.

фото: МЗ