Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Студен бран ја зафати земјава. Најавите се дека следниов период ќе биде многу студено време со значително потпросечни температури и со умерен до засилен северен ветер. Утре ќе се задржи облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снег врне низ целава земја. Но општините се обидуваат што побрзо да исчистат со што ќе им овозможат на граѓаните непречено одвивање на сообраќаат. Ова не е случај со Струга. Жителите на Струга велат ова како да е традиција градот да не го чисти снегот. често се шегуваат со изјава дадена во 2011 год кога првиот човек на градот на прашањето зошто не се чисти снегот истакна:

„Господ го даде, господ ќе го крени“…

Да се надеваме дека ова не е практика и годинава.

Инаку сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Врнежи од снег има во Маврово и на планиските премини Стража, Буково и Ѓавато.  Од 07:00 часот  изутрина поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Оттаму потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

фото: NEWS1