Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Три малолетни деца денеска се давеа во Охридското Езеро.  Спречена е голема несреќа благодарение на храбриот фудбалер од ГФК „Охрид Лихнидос“,  Един Мерсовски.

Скромниот Мерсовски за NEWS 1 вели:

„Најпрво мислевме дека играат и покрај тоа што е чудно ова време во вода да се капат, но многу брзо сфатив дека нешто не е во ред. Многу луѓе кои се шетаа по кејот застанаа и гледаа. Од обала се гледаше дека се обидуваат да испливаат, но дека не можат. Веднаш скокнав по нив. Како ги влечев ги подавав на другарите да ги извлечат од водата, раскажува Мерсовски. 

По инцидентот спасителот од исплашените деца разбрал дека додека седеле на мостот, едно од дечињата се лизнало и паднало во водата, а другарчињата сакајќи да му помогнат скокнале по него.

Но, ладната вода и стресот кај овие дечиња кое се на 8, 9 годишна воздраст си го направил своето. Децата наместо да се извлечат едно со друго, ладната езерска вода почнала да ги повлекува надолу. 

Среќа овој инцидент има среќен крај.

Децата се добро, а нивниот спасител фудбалерот Един на тренинг стигна откако се пресоблече. 

фото: NEWS1