Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Како последица на вирусот Ковид-19, на 63 годишна возраст, почина поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев. Димитриев во два наврата по два мандата раководеше со демиркаписката општина. Информација за МИА ја потврдија негови блиски и Петар Мојсов, поранешен претседател на демиркапискиот Совет на општина.

Блиски на поранешниот градоначалник појаснија дека Димитриев првин бил во болница во Кавадарци една недела, па во Скопје. 

-Зошто најдраг пријателе, зошто не напушти прерано, а се уште сонуваше да создаваш за Демир Капија? Твоите дела за твојата драга Демир Капија останаа за век и векови, ти замина во вечноста, а сепак ја остави вечноста меѓу сите нас. Ми беше чест што те имав за пријател и ти бев прв соработник. Почивај во мир, шефе, напиша Мојсов на својот фејсбук-профил.

извор: МИА