Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Во македонското МНР никако да дојде пролетта – сѐ уште зимски сон, дури и по шокантната вест за наводен предлог на премиерот Јанша до претседателот на Европскиот Совет, поддржан од евро-десничари, за „конечна фаза од распадот на Југославија“ – меѓу другото, со поделба на Македонија, како и на БиХ, на Косово и на ЦрнаГора⁉️ Проширувањето на ЕУ да се одложи, вели потпретседател на Либерална интернационала Емил Кирјаз.

Тој додава дека Словенија од јули ќе претседaва со ЕУ.

„Дали навистина словенечкиот претседател Пахор на последната посета во Македонија се распрашувал за можноста за „мирна поделба“ на земјата, како на БиХ? Членот на босанското претседателство Комшиќ потврди дека имало такво прашање од Пахор во Сараево“, вели Кирјаз и додава:

Медиумите во Босна и Словенија известуваат. Во Сараево е повикана словенечката амбасадорка во босанското МНР да даде објаснување за наводите. Американската амбасада со став дека целовитоста на Босна и државите од регионот е неприкосновена. На македонското МНР му требаше притисок од јавноста да испрати една млака нота до МНР во Софија по иредентистичкото видео на европратеникот Џамбаски кој говреше за присоединување кон Бугарија на територии од Македонија, Грција и Србија.
Целиот процес на македонското приклучување во ЕУ се соочува со нови одложувања во Брисел. Ќе дознаете наскоро! Од Скопје наместо молк потребен е гласен одговор од македонската дипломатија и од институциите, макар и на инсинуација која би се потврдила како неточна вест“, вели Кирјаз.

И новинарот Миленко Неделковски и овој пат прв пат јавно проговори за оваа шокантна вест.

Миленко цитирајќи словенски медиуми вели дека еден е од приоритетите ќе биде прекројување на границите на просторот на бивша Југославија.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА