Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати честитка по повод одбележувањето на 24 мај, Денот на Македонските просветители Св. Кирил и Методиј.

-„Дозволете ми во свое лично име и во име на Единствена Македонија да ви го честитам 24 Мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на македонските апостоли кои оставија траен белег во историјата на човештвото.

Празникот со децении го одбележувавме со голема радост. Но, во последните четири години одбележуваме поразлично од изминатите децении, соочени со националното предавство што го изврши марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар за спроведување на геноцидната политика врз Македонија и Македонците. Марионетската власт во Скопје е голем срам за Македонците бидејќи денеска се срами да го изговори зборот „Македонските просветители“.

Марионетската власт се определи за погубната определба да гледа во иднината и големото творештво на светите Македонски браќа Кирил и Методиј да го подари на татарско-монголска Бугарија иако простата вистина вели дека иднина без минато на еден народ е празнина и безличност. Денеска на отворена сцена светот одава признание дека писменоста доаѓа од Македонија, само марионетската власт во Скопје се срами од Македонските апостоли Кирил и Методиj.

На овој голем и светол ден упатувам јасна порака до непријателите на македонското дело дека ќе бидат поразени во обидот за уништување на светата македонска црква, македонската нација, јазик, идентитет, историја и култура. Да ја надминеме националната и духовната поделба меѓу Македонците преку семакедонско единство како најсилна брана од секаква закана на што не обврзуваат светите Македонци, Кирил и Методиј кои го променија светот.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на светите Македонски браќа Кирил и Методиј, се вели во честитката на Бачев.