Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Зоран Заев денеска ја испорача ветената награда до Добрила Кацарска со претседателско место во Уставниот суд за успешно завршената работа за наменската осуда на Јане Ченто и останатите за 27 април на затворска казна од два века затвор, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Но, изборот на Кацарска за претседателка на Уставниот суд ја потврдува и поразителната вистина дека марионетската власт во Скопје ја држи Македонија на линијата на темното минато кога за нарачани судски одлуки следувала награда за судски функции.

Судечкиот судија на стариот Ченто, судијата Панта Марина, после наменската осуда на Методија Андонов Ченто, во 1948 година е награден од власта со избор на судија во Врховниот суд каде станува и претседател на судот.

Судечкиот судија на младиот Ченто, судиката Добрила Кацарска, после осдудата на Јане Ченто, во 2020 година е наградена од власта со избор на судија во Уставниот суд каде денеска стана и претседателка на судот.
Единствена Македонија ветува дека овој случај ќе има и второ полувреме, бидејќи поседуваме докази дека лицата за 27 април се осудени во политички наместен случај и со лажен исказ на сведок.