Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Синоќешниот народен протест како и претходниот на 25 април во подршка на неправедно осудените лица за 27 април покажа дека народот масовно стои зад барањата за правда и слобода за овие лица.
Лицата за 27 април се неправедно осудени со лажен исказ на сведок и фрлени во темните затворски зандани само поради желбата на Заев за лична одмазда спрема некој од затворените, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Во продолжение на истото се додава:

Време е власта на Зоран Заев да престане да си поигрува со човечки судбини притоа надевајќи се на повторен пазар со некој од обвинетите во најновиот процес кој започна сега против т.н организатори за 27 април налик на пазарењето со одметнатите и купени осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои наменски се притвораа и судеа за да послужат за непристоен пазар – слобода за даден глас во Собранието за бришењето на се што е македонско.
Устата на Зоран Заев е полна со простување, верба во Бог, христијански вредности и оттука очекуваме да го направи потребниот чекор за правда и слобода за осудените за 27 април.

Единствена Македонија ветува дека овој случај ќе има и второ полувреме бидејќи поседуваме докази дека лицата за 27 април се осудени во политички наместен случај.