Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Главниот епидемиолог на Исланд, Торолфур Гуднасон изјави дека не може да исклучи дека неодамна воведените ограничувања поради ковид, може да траат и до 15 години.

И тоа наспроти фактот дека огромното мнозинство од возрасната популација на Исланд е вакцинирано.

„ Може да се случи, никој не знае што носи иднината. Ние цело време го велевме тоа, дека нема предвидливост во ова”, рече тој за весникот „Моргунбладид“, како што пренесува „Спутник“.

Гуднасон нагласи дека епидемијата нема да престане во оваа земја додека не запре низ целиот свет. Тој, исто така, призна дека заштитата на вакцината од инфекција е помала, тврдејќи дека одбраната од сериозни болести се уште се проценува на 90 проценти.

На 26 јуни, исландските власти одлучија да ги отстранат сите ограничувања, што ги натера медиумите ширум светот да ја прогласат за земја што го победила вирусот.

Во тоа време, неколку недели не беше регистриран нов случај на Ковид-19, а од декември минатата година, нема смртни случаи. Во исто време, огромното мнозинство од возрасната популација на Исланд е вакцинирано, а уделот на вакцинирани лица постари од 50 години беше близу сто проценти.

Сепак, Исланд оттогаш забележа брз пораст на заболени со делта сојот, со голем процент на нови инфекции меѓу целосно вакцинираните. Оваа недела, ширењето на инфекцијата достигна највисоко ниво досега, со 131 случај дневно.

Нов бран на инфекции ги принуди исландските власти повторно да воведат ограничувања, како што е употребата на маски во затворени простории.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) го опиша Исланд како „портокалов“ во најновиот извештај за глобалната епидемиолошка состојба.

Досега, 7.676 случаи на инфекција и 30 смртни случаи се регистрирани во Исланд, земја со околу 330.000 жители.

извор/фото: агенции