Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Владата договори набавка на нови 45 луксузни возила марка Пасат. Автомобилите ќе бидат изнајмени на три години а за нивно користење од државната каса ќе бидат потрошени нешто над еден милион седумстотини педесет и шест илјади евра. Пресметката вели дека за изнајмување на едно возило за  три години  ќе бидат потрошени без малку 40 илјади евра. Новите возила ќе бидат наменети за владините министри и за странски делегации кои доаѓаат во Македонија, објави Алсат.мк.

Во договорот помеѓу Владата и лизинг компанијата стои и дека сумата која е договорена за 36 месеци користење на возилата нема да се менува само во случај километражата на автомобилите да не надмине 120 илјади километри. Во спротивно за секој изминат плус километар владата ќе треба да плати дополнителни 7,85 денари. 

Текстот во целост на: Алсат.мк.

фото: Алсат.мк.