Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Четиригодишно девојче трагично починало во околината на Бања Лука во БиХ откако со часови седела заклучена во автомобил, известуваат денеска локалните медиуми.

Според Независне новине, причината за смртта била топлина, односно екстремно прегревање.

Со цел да се утврди точната причина и околностите за смртта на детето, дежурниот обвинител наредил да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина на Република Српска и да се преземат сите истражни дејствија и мерки.