Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Централната прослава по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Чествувањето започна со чинот на менување на знамињата пред платото на Владата, по што беше интонирана државната химна. Потоа беше прикажано видео со пораки по повод 29 години од независноста.


Претходно, делегација од Кабинетот на Претседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, а во која беа и заменик генералниот секретар Тоше Зафиров и аѓутантот на Претседателот,  полковник Билјана Блажеска,  оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *