Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

„Европскиот воз“ вечерва пристигна на железничката станица во Скопје, во рамки на глобалниот настан „Connecting Europe Express“ со кој се одбележува Годината на железницата, како еден од најодржливиот, најбезбеден и иновативен начин на транспорт.

Европскиот воз пристигна вечерва во 22 часот на железничката во Скопје, а на настанот се обратија министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

-Благодарност до ЕУ што ја вклучи Северна Македонија во оваа иницијатива. Европскиот воз е доказ за пријателството и соработката со ЕУ. Верувам дека овој воз симболично ќе придонесе за поголемо поврзување на земјите од овој регион со останатиот дел од Европа, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Возот ќе преноќи во Скопје и утре го продолжува своето патување кон Атина.

видео: МИА