Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

10 прашања на кои Зоран Заев и Филипче немаат одговори, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во објавата додава:

Настрана од политиката, настрана од отсуството на морал, кој видовме дека го немаат, прашањата кои секој еден човек ги поставува и се во рамките на здравиот разум се следниве:

-Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

-Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

-Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

-Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

-Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

-Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

-Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

-Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

-Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?

Фотелјите на Зоран Заев и Филипче не се поважни од вистината.