Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Претседателот на Собранието Талат Џафери за барањето на ВМРО-ДПМНЕ прва точка на собраниската седница да биде одлуката за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче рече дека досега од Владата нема добиено никаква оставка и дека затоа нема за што да се расправа.

– Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлог за разрешување одлучува Собранието на првата наредна седница. Доколку претседателот разреши 1/3 од членовите на Владата од првобитниот состав, тогаш Собранието одлучува како за нова влада. Уставот пишува за изричита надлежност на премиерот, а не на пратеници. Претседателот на владата членови на владата може да поднесат оставки. Предлогот за оставка треба да се достави до Собранието. Јас немам добиено такво нешто. Ако има таков материјал, веднаш сум должен да го доставам до вас. Што да доставам кога јас ништо не сум добил – рече Џафери.