Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Претседателот на Чешка Милош Земан (77) денеска беше пренесен, од засега непознати причини, во воената болница во Прага, каде, по игра на случајот, се наоѓа и поранешниот претседател Вацлав Клаус поради проблем со висок крвен притисок.

Воената болница потврди дека Земан е хоспитализиран, но одби да коментира зошто и да ги потврди неофицијалните информации од весникот Право, дека ќе биде потребно подолго лекување, пренесува Бета.

Портпаролот на Земан, исто така, одби да даде каков било коментар за медиумите, додека неговиот советник Мартин Нејдли рече дека наводно слушнал дека претседателот закажува редовна контрола.

Клаус (80), кој е еден од главните противници на вакцинацијата, покривање на лицето и други санитарни мерки во пандемијата на Ковид-19 се зарази кон крајот на февруари, а во текот на викендов не се чувствувал добро.

Фото: DW