Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Голема тага го снајде семејството на британскиот премиер Борис Џонсон, откако беше информиран дека неговата мајка Шарлот Џонсон Вол, професионална сликарка и жена која беше претставена од шефот на владата во Лондон како неприкосновен авторитет во целото семејство, почина на 79 годишна возраст.

Џонсон ја прими тажната вест откако во јули дозна дека ќе има уште едно дете со својата нова сопруга, што го исполни целото семејство со радост. Шарлот, исто така, почина кратко откако британскиот премиер најави обраќање до нацијата денеска, за време на кое треба да открие некои од најважните владини планови за следниот период, вклучувајќи план за продолжување на борбата против коронавирусот, како и какви епидемиолошки мерки ќе останат на сила.

– Џонсон Вол почина ненадејно и мирно во лондонска болница во понеделникот – објави британскиот весник Телеграф, нагласувајќи дека Даунинг стрит не одговорила на барањето за коментар, како и претставниците на семејството.

извор/фото: агенции