Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески од собраниската говорница истакна дека ВМРО-ДПМНЕ денеска не покажа ништо ново и продолжи со нехуманото однесување.

Ова што го правите не е хумано, ја користите тагата на сите граѓани за ситни политички поени, им порача Митрески на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија собраниската седница.

Јас знам дека повеќето пратеници од опозицијата што излегоа од салата, побрзаа да му се извинат на Венко Филипче за тоа што му го правите, затоа што сите знаете дека тој излегуваше во пресрет на сите барања на граѓаните и државата истакна Митрески, додавајќи дека опозицијата не дочека органите да ја завршат истрагата.

Не е фер, да ја напуштате седницата кога на дневен ред се точки во интерес на сите граѓани, како предлогот за измена на Законот за облигациони односи, која предвидува каматата на долговите да престане да тече, кога ќе ја достигне висината на долгот, со што се исправа голема неправда кон граѓаните, заврши Митрески.