Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Битолскиот јутјубер Ритко утрово предизвикал инцидент во штипското средно училиште „Коле Нехтенин“, каде што скришно влегол во објектот, ги снимал учениците со мобилен телефон и со вулгарни зборови ги нападнал ученичките, објави порталот ММС.

Инцидентот веднаш бил пријавен во полиција, но Ритко заедно со своите пријатели успеал да скокне од прозорецот од училницата и да побегне. Сепак, полицијата го фатила на друга локација во Штип, каде што јутјуберот малтретирал друг човек и му го прегледувал гепекот од автомобилот.

Како што објави порталот ММС, Ритко го искористил големиот одмор за да влезе во училиштето, бидејќи само тогаш вратите биле отворени. Кога влегол во една од училниците, тој им се обратил на децата со зборовите „јас сум градоначалник на школото“, а потоа со вулгарни зборови се обратил кон ученичките.

Вработените во училиштето веднаш повикале полиција, а Ритко не можел да излезе низ вратата бидејќи таа автоматски се заклучувала по завршувањето на големиот одмор. Но, тој заедно со своите другари скокнал преку прозорецот и ја прескокнал оградата висока два метра во училишниот двор.

Настанот го потврдил и директорот на училиштето, Дејан Павлов, кој во изјава за ММС рекол дека полицијата веќе го расчистува случајот.

„Денеска (14.09.2021) од страна на полициски службеници во Полициската станица Штип приведени се Р.М.(21), Д.Д.(20), О.Ш.(21) и еден малолетник, сите од Битола, бидејќи во 09.20 часот во просториите на средно општинско училиште во Штип неовластено влегле и се задржале, а во кое не се ученици, постапувајќи спротивно на чл.26 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Запознат е Јавен обвинител и од страна на СВР Штип се прибираат докази и преземаат мерки за целосно расчистување и комплетирање на кривичното дело загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство казниво по чл.298 од КЗ“, соопшти СВР Штип.

Текстот во целост на: ММС