Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Не сме оптоварени од партиските „синџири“. Изминативе 30 години, граѓаните точно увидоа што недостасува кај СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Поради овие недостатоци кои се провлекуваат години, на државно и локално ниво влеговме во критичен период и се соочуваме со партиска безидејност, поради која освен партиските војници секој друг граѓанин раскрстил со партиските понуди.
Ние сме сигурни дека одлуките ќе ги носиме брзо, но издржано и со поддршка на најголемите умови кои овој град ги има дадено, без оглед дали живеат во него или животот ги натерал да заминат надвор, се вели во објавата на независната листа „Охрид има План Б“ со носителот на листата Антонио Наумоски.

На својата официјална Фб страна од независната листа додаваат:

За нас граѓаните се на прво место и секогаш ќе бидат. Токму поради тоа ќе се обратиме до секој еден граѓанин кој бара еднаквост во односот, почитувањето на законите и реализација на своите бизнис идеи. И оние од центарот на Охрид, и тие во месната заедница „Железничка“, и оние во УЕ „Билјанини Извори“ и оние во Стариот град, убавите Воска, Влашка Маала, Видобишта… Тука растеме, тука живееме, јасни ни се и потребите на нашите соседи и од Косел, Лескоец, Велгошти, Рача, Пештани, Љубаништа…
Нашата програма, работа и приоритети ќе ја изведат Општината од сивилото и ќе зацртаат нов позитивен правец на развој на Општина Охрид.
„Охрид има план Б“, ние знаеме како да го направиме поубав и попросперитетен…