Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Попладнево на скопскиот аеродром пристигна нова група Авганистанци, кои се повлекоа од својата земја поради доаѓањето на Талибанците на власт. Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.

Пред две недели, првата група авганистански државјани, пристигна во Скопје од аеродромот во Тбилиси, Грузија. Станува збор за 149 Авганистанци, меѓу кои има и жени и деца. Тие работеле за меѓународни организации, како поддршка за присуството на НАТО во нивната земја.

Министерот Османи тогаш изјави дека граѓаните што пристигнаа биле вработени во меѓународните организации како „Опен гавермент партнершип“, „Транспаренси интернешнал“, Светскиот економски форум и други партнерски меѓународни организации.