Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Запрена е градбата на трите модуларни амбуланти, кои требаше да ги заменат дотрајаните и руинирани бараки во главниот град. Иако побаравме одговор за причината, надлежните не открија конкретно за што се работи, објави Сител.

“Замената на времените објекти од амбулантно-поликлиничка дејност, се одвиваат согласно планираните активности. По согледувањето од стручниот надзор, а во врска активностите на терен се работи на дообезбедување на инфраструктурни приклучоци и запазување на временски рамки поврзани со градежниот процес.

Притоа сакаме да напоменеме дека рокот за реализација изнесува 60 дена, односно два месеца”, пишува во одговорот од Министерството за здравство.

Теренската работа е запрена не само во Ѓорче Петров, туку и во Ново Лисиче и Бутел. Обезбедувањето вели дека има таква наредба.

Премиерот порача дека во иднина ќе се испитуваат ваквите објекти бидејќи се работи за сензитивно прашање.

Инаку, во текот на денот се очекува да пристигнат форензичарите од Германија, кои треба да помогнат во брзо расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

Текстот во целост на: Сител