Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Во скопски Аеродром, по 19 часот на улицата Методија Шаторов Шарло изгорел автомобил Шкода, објави Точка.

Пожарот настанал покрај станбена зграда во скопската населба Аеродром, а засега не се знае причината.

Жители од зградата во паника и страв ги напуштале своите домови, а командирот на Противпожарната единица, Владимир Симоновски, за „Нова Тв“, истакнал дека нема потреба од вознемиреност, дека возилото е изгасено и нема никаква опасност по зградата.