Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Нови бизарни снимки пристигнуваат од Авганистан.

Откако беа објавени видеа од талибанците како уживаат во забавен парк и се обидуваат да користат опрема за теретана, сега вооружани се возат на шарени педалинки на езеро во провинцијата Бамијан.

Повеќе од дваесет талибански борци, со рачни ракетни фрлачи и пушки, беа видени во саботата како се возат во шарени педалинки во форма на лебед во националниот парк Банд-Амир.

Фотографиите ги сподели новинарот Џејк Ханрахан преку „Твитер“.

Темно сините езера во срцето на земјата се сметаа за релативно безбедно засолниште пред да дојдат Талибанците на власт.

извор/фото: агенции