Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

На шпанскиот остров Ла Палма вчера еруптираше вулкан, исфрлајќи лава, чад и пепел, што предизвика евакуација на илјадници жители, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ова е првпат вулканот Кумбре Виеха, што се наоѓа на Канарските Острови во Атлантскиот Океан, да еруптира од 1971 година.

Полициските сили на цивилната гарда на Шпанија соопштија дека евакуираат меѓу 5.000 и 10.000 жители од погодената област.

Досега чадот и лавата веќе зафатија четири главни автопати.

Шпанскиот премиер Педро Санчез вчера изјави дека го одложува претстојното патување во Њујорк, каде што требаше да присуствува на Генералното собрание на ОН, и наместо тоа ќе отпатува за Ла Палма.

Ерупцијата беше предвидена од шпанските научници кои почнаа да забележуваат зголемена сеизмичка активност во областа. Во текот на изминатите осум дена, беа забележани околу 25.000 мали земјотреси.

Неколку шпански научници за локалните медиуми изјавија дека ерупцијата би можела да трае неколку недели, а лавата на крајот да се влее во океанот.

Иако е ретка појава, се чини дека е нормална ерупција и дека не го погодила аеродромот на малиот остров.

Претседателот на Канарските Острови, Ангел Виктор Торес, изјави дека нема информации за загинати или повредени лица.

извор: Агенција Анадолија (АА).