Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Иако клиентите на холандските барови не се обврзани да покажуваат ковид пасош за пиење или јадење на тераса, сепак ќе мора да го имаат тој пасош доколку одат во тоалет, објави денеска холандското Министерство за здравство.

Холандските власти минатата недела укинаа некои ограничувања во борбата против коронавирусот, вклучително и укинување на физичката дистанца, но најавија ковид пропусници за барови, ресторани и фестивали.

Ако сакате да го користите тоалетот, ќе мора да го покажете вашиот код“, велат од министерството, потсетувајќи дека QR-кодот со кој се потврдува дека некое лице е вакцинирано е задолжително за граѓаните на возраст од 13 години.

Меѓутоа, холандскиот премиер Марк Руте неодамна рече дека не е добра идеја да се направи исклучок за клиентите што седат на терасите на кафулињата, бидејќи луѓето неизбежно ќе мора да влезат да ја платат сметката или да одат во тоалет.