Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Руската владеачка партија „Единствена Русија“, постигна јасна победа на парламентарните избори во Русија. По пребројувањето на сите гласачки ливчиња, партијата освои 49,8 проценти од гласовите, соопшти руската Централна изборна комисија. Комунистите се втори со освоени 18,9 проценти од гласовите, десните популисти на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР) на ултра-националистот Владимир Жириновски освоија 7,5 проценти и партијата Правична Русија има 7,4 проценти.

Новата руска партија „Нови луѓе“, исто така, го надмина цензусот од пет проценти и во својот прв обид успеа да влезе во парламентот со поддршка од 5,3 проценти од гласовите.

Фото: Al Jazeera