Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Медиумите денес објавија вести за неуспешниот обид за државен удар во Судан, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Суданската државна телевизија објави дека група војници извршиле неуспешен обид за државен удар во главниот град Картум.

Во меѓувреме, висок судански воен извор за AА изјави дека групата пучисти се обидува да ја преземе контролата врз земјата.

Во објавата на Фејсбук, Мохамед Ал-Факи Сулејман, портпаролот на Советот за суверенитет го повика суданскиот народ да се соочи со обидот за државен удар и „да се крене да ја брани земјата, заштитувајќи ја демократската транзиција“.

Во друг пост, портпаролот Сулејман истакна дека ситуацијата во земјата е ставена под контрола, мислејќи на неуспешниот обид за државен удар.

извор: Агенција Анадолија (АА).