Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

И покрај ставот на МОН дека нема трансмисија на Ковид-19 во училиштата, до Телма дојде информација од ОУ „ Вера Циривири Трена“, во Карпош, дека 7 наставници и повеќе од 50 ученици се заболени и дека контактите не се кажуваат што е причина за ширење на вирусот.

Директорката на училиштето демантира дека се работи за толкав број заболени и вели дека секојдневно бројките ги праќаат до МОН и Центарот за јавно здравје. А од МОН со вообичаената реторика дека процентот на новозаболени е многу мал и затоа наставата со физичко присуство продолжува.

Повеќе од 50 ученици и 7 наставници, од кои 3 во одделенска и 4 во предметна настава се заболени со Ковид- 19, во ОУ „ Вера Циривири Трена“, во Карпош, вели наставник од ова училиште кој сакаше да остане анонимен, објави Телма. 

Родители за Телма сведочат и алармираат дека пандемијата со Ковид-19 се проширила и во училиштето „ Јан Амос Коменски“. Директорката Маја Старова демантира.

-Во училиштата за сега нема трансмисија на заразата, поради што Комисијата за заразни болести не препорача промена на моделот на настава, велат од МОН.

Текстот во целост на: Телма.