Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

 Во вечерашното гостување на ТВ Шења претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека 14 луѓе загинаа во Тетово и уште се мислат за оставки, за овој случај Мицкоси истакна дека лично гарантира дека нема да се смири додека не излезе вистината на виделина.

„Ако очекувате тие луѓе да поднесат оставки, ако очекувате тие луѓе да бидат тргнати јас ви кажувам дека нема да бидат тргнати, затоа што ја видовте онаа преписка на директорите поставени од СДСМ, во таа една група која што излезе во јавноста каде што еден од нив им вели “Ако падне Венко, паѓаме сите“ замислете 14 луѓе живи изгореа и тие видете како размислуваат. Што повеќе вие очекувате од тие луѓе? Кои што патем речено сите положиле Хипократова заклетва. Апсолутно овој случај нема да биде вака затворен како што е сега и ако мислат тие дека вака ја решиле работава како сега јас ви гарантирам дека тоа нема така да биде. Јас лично додека функционирам политички нема да смирам додека вистината не излезе на виделина, и тоа им го ветив на семејството коешто го посетив“ истакна Мицкоски И додаде:

„-Јас можам буквално да се ставам во нивните чевли, бидејќи и јас лежев на инфективната клиника две недели и бев сведок како човек до мене го губи својот живот, но од Ковидот. И самото тоа е доволно траорно и болно и затоа можам да се ставам буквално во нивните чевли, колку и да сакаат овие од власта да кажат дека тоа го политизираме или го злоупотребуваме, и колку и да сакам јас да ги убедам во спротивното, не можам да ги убедам затоа што тие не го чуствуваат тоа што јас го чуствувам. Но ќе ви пренесам едно сведоштво на еден човек кој што го посетив кој вели: Ја кренав во раце својата мајка, и она ми рече спаси го брат ти и ти спаси се, остави ме мене и сега таа е покојна. Таа изгоре, тие се спасија со неговиот брат и така заврши еден човечки живот. Беше во модуларната болница за да ја излечат, за жал заврши на ваков начин еве како што јас сега ви кажувам. Што повеќе да зборуваме, има ли повеќе од ова да се зборува, пренесе Мицкоски.