Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Неколку луѓе загинаа денеска, а неколкумина се повредени во напад со лак и стрела во норвешкиот град Когсберг, објави локалната полиција.

Напаѓачот е уапсен, додаде портпаролот на полицијата, пренесе Ројтерс.

Осомничениот нападнал луѓе на неколку локации пред да биде уапсен, рече портпаролот.

Локалната полиција прво била известена за осомничениот во 18 часот и 15 минути по локално време.

Уапсен е неименуван маж, а полицијата се уште не даде конкретен одговор за тоа дали нападот е поврзан со тероризам.

На прашањето дали ситуацијата се третира како тероризам, службеник за печат на норвешката полиција рече дека „се уште не е јасно, рано е да се каже“.