Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

При контрола на патничко моторно возило, пријавено за влез во Република Северна Македонија, на ГП Табановце, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 127 папагали како непријавена стока.

На влез во државава, околу 08:30 часот на граничниот премин Табановце се пријавило патничко моторно возило, марка Volksvagen Pasat со српски регистарски ознаки управувано од лицето З. Н. од Република Србија. При извршена детална контрола на возилото од страна на царинските инспектори биле пронајдени 127 папагали кои биле сокриени позади двете предни седишта, во багажникот на возилото и во просторот наменет за резервно тркало.

Согласно Царинскиот закон, папагалите (во вредност од 39.500,00 денари), се привремено одземени со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до комисијата за одлучување по прекршок.