Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска рече дека владата донела уредба со кој се ограничува цената на моторниот бензин на 1,47 евра (околу 90,5 денари) за 30 дена, додека цената на дизелот е ограничена на 1,46 евра (околу 90 денари).

Како што објасни, владата може да ги ограничи цените на нафтените деривати со цел да ги заштити потрошувачите и тоа и го прави, пренесува „Јутарњи лист“.

-Имајќи го предвид тековниот економски момент, непредвидливоста на цените на нафтата на светскиот пазар и влијанието на цените на горивата врз целокупната економска активност и животниот стандард на граѓаните, со цел непречено понатамошно економско закрепнување, Владата одлучи да ја искористи можноста за стабилизирање на цените на бензинот врз основа на Законот за пазар на нафта и нафтени деривати, рече премиерот Пленковиќ.