Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Две лица од едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 13:50 часот се случила на автопатот Скопје – Велес.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди“, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.