Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт
  • Oткако беше разрешен досегашниот директор на РЕК, Златко Ќурчиевски, за в.д. директор на РЕК Битола е назначен Пеце Матевски.
  • Матевски на оваа позиција доаѓа од местото директор на Термоелектрана, а пред тоа има музичка кариера со неколку бендови.
  • Како хармоникаш тој е дел од Три бенд, со кој ги има редовните музички ангажмани: слави, свадби, крштевки и општо свирки во ресторани.
  • Од образование в.д.-то на РЕК-от има и магистратура која ја добива со темата „Потребни карактеристики и вештини на менаџерите за продажба на брендирани производи“.

Деградирачки е РЕК да го води човек кој нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ставање хармоникаш на чело на РЕК е гума за спасување за Ковачевски и одбегнување на одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Новопоставениот директор на РЕК Битола Пеце Матески пред само неколку месеци беше поставен за директор на Термоелектраната, во која во изминатиот период се случија најголем број хаварии. Матески од претходно работно искуство има искуство како комерцијалист на гуми за џвакање и како хармоникаш по кафеани и ресторани. Деградирачки е РЕК да го води човек кој нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа. Опасност по безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет наместо енергетичар од пракса да имаме хармоникаш“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.