Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) издвоија фонд од 10 милијарди долари за инвестиции во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Мухамед Хасан ал Суваиди, претседавачот на „Абу Даби дивелопмент холдинг“, по потпишаните договори им се обрати на новинарите во присуство на претседателот Реџеп Таип Ердоган и престолонаследникот на Абу Даби, Мухамед бин Зајед ал Нахјан.

Тој потсети дека престолонаследникот Бин Зајед е во посета на Турција на покана од претседателот Ердоган.

„Обединетите Арапски Емирати издвоија фонд од 10 милијарди долари за инвестирање во Турција“, рече Ал Суваиди.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими престолонаследникот на Абу Даби, Муахмед бин Зајед ал Нахјан, кој допатува во официјална посета во Анкара.

Ердоган го прими Ал Нахјан со најголеми државни почести во Претседателската палата во Анкара.

По средбата на двајцата лидери, одржани се состаноци на делегациите, како и церемонија на потпишување на низа договори. Темите на разговорите се регионални и меѓународни прашања и случувања кои се однесуваат на двете земји.

Посетата следуваше по телефонскиот разговор, во кој на 31 август Ердоган и Ал Нахјан разговораа за билатералните односи, како и за регионални прашања.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во септември изјави дека во последно време во односите на Турција и Емиратите преовладува позитивна атмосфера.

извор: Агенција Анадолија (АА).