Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на првата прес-конференција по случената трагедија кај „Струма” изјави дека првичните информации укажуваат дека најверојатно се работи за човечка грешка кој што ја отежнале и несоодветните обележувања на автопатот. Сарафов вели дека банкината во која што удрил возачот со автобусот не само што е непотребна на местото, туку е и опасна.

„Немало експлозија, туку она што го слушнале оние кои биле во близина е ударот, силниот удар на автобусот во банкината од десната страна, за која што кажав дека не и е местото таму. Немало експлозија. Обдукцијата покажала дека сите 44 лица починале од задушување“, изјави Сарафов. 

На прес конфренцијата беа отфрлени сите верзии дека во автобусот се пренесувал бензин и пиротехнички средства и при тоа од обвинителството беа замолени медиумите да пренесуваат исклучиво официјални информации. Тие тврдат дека нема ниту еден сведок на несреќата, и се чудат како медиумите објавија сведоштва на сведоци на самата несреќа.

Истрагата се насочува на лошиот пат и сообраќајна сигнализација.

На прес конференцијата беше соопштени дека обвинителството истражувало и дали несреќата е резултат на терористички акт, но како што беше кажано и оваа верзија била исклулена.

Обвинителката Милева низ солзи во очите раскажа за хоророт кој го доживеала за време на увидот, сликака која вечно ќе и остане во сеќавање од јагленосани тела на местото на несреќата, но и траотните сведоштва од прежиеаните кои детално објаснале како се спасиле.

Во разговор со патникот од Прешево, кој бил буден за време на несреќата и го сркшил задното стакло, тој ја информирал дека од автобусот се спасиле осум патници.

Му реков вие овде сте седум, но тој инсистираше дека се спасиле осум луѓе. Ние најдовме 44 трупа, во болницата се 8 преживеани и врз основа на тоа констатиравме дека во автобусот имало 52 патника. Ве информирам дека работиме на тоа да го најдеме уште едното лице за кое сведокот тврди дека се спасило. Засега ова лице останува загатка.Сепак, може да се работи и за негов превид, истакна портпаролката на Бугарското обвинителство Сијка Милева

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ЖИВО НА ОВОЈ ЛИНК