Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Дали мистериозниот патник е извесен Шаип Науф ал Салах, 36-годишен Арап, државјанин на Обединетите Арапски Емирати, бугарската обвинителка Сијка Милева на денешната прес конференција не можеше да одговори. Неговото име го виделе роднините на преживеаните на листа која ја добиле во болницата во Софија. Тоа го тврди и синот на вториот возач на автобусот кој загина во пожарот на возилото. На официјалната листа на преживеани која ја објави македонското МНР стојат имињата на седум лица, и меѓу нив не е арапскиот државјанин, објави Слободен Печат.

Бугарските истражители дополнително ќе истражат кој е овој човек и каде се наоѓа сега. Дали тој се спасил од запалениот автобус и потоа мистериозно исчезнал во ноќта.

Според бугарското јавно обвинителство, од автобусот на смртта се извлечени 44 тела, за кои престои идентификација во наредните денови по што „телата ќе може да се ослободат и испратат во Македонија кај блиските за погреб на достоинствен начин“.

Текстот во целост на: Слободен Печат.